(ВИДЕО) Ретко кој ги слушнал овие песни на Лозано

Добивај вести на Viber

Најслушан изведувач за 2018 година според Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) е поп-ѕвездата Влатко Лозаноски - Лозано. Дури три негови песни се на листата во топ 10 највртени на радиостаниците во земјава. На првото место е „Километри“, па следува „Мандарина“ на втората позиција и „Јако, Јако“ е избрана како четврта највртена песна.

Но, репертоарот на Лозано е доста голем, впрочем тој е еден од ретките на кого публиката речиси сите песни му ги пее во еден глас на неговите настапи и концерти. Сепак, во неговата кариера има и неколку песни кои од нејасни причини не успеаа да допрат до публиката како останатите негови хитови. За среќа, тоа се само неколку песни и тоа од албумот „Преку седум мориња“, кој Лозано го издаде во 2012 година.

Еве, кои се тие:

„Заборави“

 

„Преку седум мориња“

„Има ли“


„Breathe in love“


„Летам кон тебе“




„Соба 101“