(ВИДЕО) Се соочив со најголемиот страв: Голема промена на Данијела Мартиновиќ
Пејачката Данијела Мартиновиќ последниов период е посветена на духовноста и на работата на себе си, а своите позитивни размислувања и ставови сака да ги пренесе и на своите обожаватели.
Затоа, нејзината најнова објава на Инстаграм тие ја пречекаа со голема восхит.
„ Многу време ми требаше да се прифатам во потполност. Бев заробена со туѓи очекувања: биди ваква, биди онаква, немој ова, немој она, ова облечи го ова, ова немој, никогаш не го прави ова, и така во недоглед. Потоа донесов одлука да бидам јас, без оглед на сѐ и чувството е неверојатно. Сега, и без шминка можам да застанам на сцената и да светам од среќа. Ништо не е поважно од тоа да си бидеме верни самите на себе си“, напиша пејачката.
Неодамна, таа го победи својот најголем страв, стравот од висина и скокна со падобран.
„ Тоа беше соочување со мојот најголем страв. Помислив, па тоа навистина треба да го снимам. Нема глума, нема калкулација. Стравот е нашата лоша страна која не спречува да го живееме животот до крај“, изјавила пејачката.
Погледнето го видеото од скокот на Данијела со падобран.