,

(ВИДЕО) Си го запозна бебето по четири месеци во кома: Додека беше бремена едвај го преживеа коронавирусот

Можете ли да ги замислите чувствата на мајка која дури по неколку месеци се сретна со своето новороденче?

Да, сите мајки се суперхерои. Но, никој не може да остане рамнодушен на приказната за Келси Тонсинд, која има четири деца.

Откако доби коронавирус во 39-та недела од бременоста, се разболе многу и дури сега, по скоро четири месеци, доби можност да се врати во семејството и да ја запознае својата новородена ќерка.

Кога се зарази со коронавирусот, таа беше толку болна што итно мораше да оди во болница. Таа дури не стигна да се збогува со своите други три деца.
Набргу по пристигнувањето во болницата, била ставена во медицински предизвикана кома и однесена да се породи. Лекарите го извадиле бебето со царски рез на 4 ноември.

Подоцнежниот период бил многу тежок за семејството. Мама Келси била пренесена во друга болница. Единствената опција за неа била трансплантација, но се случило чудо во еден момент.
Нејзиното тело почнало да се опоравува, и тоа многу брзо! Веќе во јануари, таа била во можност да излезе од болница.

За доаѓањето дома, мајката вели: "Чувствував неверојатна среќа. Имам толку многу причини да живеам, и сите се овде пред мене.

Иако сè уште треба да се опорави и да оди на рехабилитација, оваа мајка рече: "Го добивме нашиот среќен крај. Благословени сме".


извор: yumama.com