(ВИДЕО) Снаодлив татко открива како го заспива синот за помалку од една минута
Како што знае секој родител, заспивањето на бебето може да биде многу тешка задача. Но, за овој татко, нема ништо поедноставно. Неговиот тримесечен син заспива за помалку од една минута.
Родители од Сиднеј во Австралија своето бебе го заспиваат за помалку од една минута со помош на обични хартиени марамчиња.
Видеото го прикажува тримесечниот Сет буден и полн со енергија како лежи во својот кревет и целиот процес во кој таткото Натан Дајло го гали својот син со обично марамче и на тој начин го успива.
"Сигурен сум
дека секој родител постојано тестира нови техники за спиење. Погледнете како
мојата сопруга и јас го заспиваме нашиот тримесечен син, Сет, на кој му треба помалку
од една минута да заспие, користејќи само хартиено марамче’’ - напишал Натан на својот YouTube канал.
Ова видео е прегледано повеќе од 12 и пол милиони луѓе и набрзо стана голем хит меѓу ненаспаните и исцрпени родители.