(ВИДЕО) Создадено за уживање - апартман под вода

Добивај вести на Viber

До крајот на годинава на островот Рангали на Малдивите ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет. 

„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“ - изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.

Вилата може да прими вкупно девет гости.