(ВИДЕО) Виктор Груев со светско откритие за туморот

Добивај вести на Viber

Изумот на македонскиот научник од Универзитетот од Илиноис, Сад, Виктор Груев (42) кој дизајнирал специјална камера со која хирурзите во текот на оперцијата можат да го видат туморот, делува како фантастика, но сепак не е, пишува kutaknet.com. 

Неговиот изум помага да се отстранат само болните ќелии, а здравото ткиво останува. Инспирација за овој изум нашол во визуелниот систем на животни, посебно во малиот вид морски рак Manis, кој има сложени очи од нано ќелии, и сезонзори кои препознаваат 16 различни бои. Од сина до инфра црвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од човекот. 

Првиот сензор е дизајниран на системот на ракот, а другиот е на основа на визуелниот систем на пеперутката Monarh. 

Виктор Груев е роден во Охрид, а на 15 години заминал во САД. Потоа се враќа во Скопје каде се запишува на електротехника, и уште еднаш заминува во Америка каде продолжува со студии. Таму завршил два факултети, и се стекнал со докторска титула. На универзитетот во Илиноис предава електротехника и медицина. Често доаѓа во Македонија каде прави приказни за своите изуми. 

Д-р Груев сега повторно се најде во фокусот на научната и светската јавност со својот нов изум, подводен GPS.