(ВИДЕО) Жена возач на автобус од Србија, спаси дете во САД
Ирена Ивиќ, поранешна учителка од местото Прокупље од Србија, денес е возач на автобус во Милвоки, САД. Таа стана херој за американската јавност откако му спаси живот на едно дете. Неодамна беше организирана свеченост во нејзина чест.
Ирена го возела автобусот на заледен коловоз, преку надвозник, кога го забележала босото бебе, облечено само во боди и со пелена. Бебето се доближувало накај крстосницата по заледениот пат. Ирена запрела, го земала детето и го качила во автобусот. Бебето кое има една ипол година било исплашено, но како што соопшти полицијата во Милвоки, не било повредено.
Ирена на големата церемонија која се одржа неодамна, добила специјална пофалница од градот Милвоки, и изјавила дека е среќна што се нашла на вистинско место во вистинско време.
„Обожавам деца. Бев учителка, и имам свои деца, и баш сум среќна што можев да му помогнам на ова слатко, невино дете“, изјавила таа.
За мајката на бебето, американските медиуми објавија дека имала нарушено ментално здравје. Таа го оставила бебето босо среде коловоз. Социјалната служба ѝ го одземала детето, а старателството е доделено на таткото.