Пред неколку дена почина најстарата жена на светот, 117-годишната Јапонка Наби Таџима. Сега најстара во светот е Катерина Карнару од Пелопонез, која има 112 години.
Иако доживеа длабока старост, сепак имала многу грижи.
„Имаше многу тажни моменти во мојот живот. Мојот сопруг почина, а и моите деца, додека беа млади. За среќа, имам прекрасни роднини. Мојот син беше капетан во морнарицата. Штом отиде в пензија, изгради куќа во Атина. Но, бргу потоа почина и не стигна да ужива во неа“ - раскажува таа во интервју за локален медиум.
Карнару е родена на 25 јули 1905 година, а летово ќе наполни 113 години.