Видеото на Марија Шерифовиќ додека танцува со синот на нејзина песна собра милионски прегледи: „Не знам кога сум видела некој толку среќен што станал родител“

Добивај вести на Viber

Пејачката Марија Шерифовиќ минатата година стана мајка на синот Марио, кој е роден во Америка.

Синот на Марија на свет го донесе сурогат мајка, за што на големо се пишуваше и зборуваше, а пејачката сега објави видео кое ги воодушеви сите.

Пејачката покажа како танцува со синот на една нејзина песна, па видеото има само позитивни коментари и милионски прегледи на Инстаграм.

„Не знам каде последен пат видов човек кој е толку среќен што станала родител! Се радувам на твојата среќа", „Кога сите мајки би пееле вака", „Целиот свет во рацете!", „Марио ужива“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Марија неодамна истакна колку многу и се променил животот откако стана мајка, а на својот Инстаграм сподели силна порака.

- Целиот твој живот може да се промени за една година - рече тогаш Марија.

- Боже, ти благодарам! Ти благодариме за овие мали раце. Човек навистина гледа се и верувајте, на секој од нас му доаѓа се  она што го заслужил. Дури сега, дури денес, кога имам 39 години, можам да кажам дека срцето и душата ми се во целосен мир бидејќи конечно се си дојде на свое место – напиша Марија.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs