Викав „НЕ“ додека можев: Даниела Штајнфелд со детална исповед за силувањето и траумата после тоа (ВИДЕО)

Актерката Даниела Штајнфелд изјави во Вишото обвинителство во Белград дека актерот Бранислав Лечиќ бил „мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал“.

- Ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. Четири дена после тоа игравме претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа ситуација - го започна признанието Даниела.

„Викав „НЕ“ непрестано, цело време, сè додека можев“, додаде таа.

- Кога случајот со жртвите на Мирослав Алексиќ се појави во јавноста, Бранислав Лечиќ одлучи да биде голем активист против сексуални злосторства. Во моментот кога ги покани поранешните ученици од училиштето на Алексиќ да се префрлат во неговото училиште за глума, се прелеа чашата. Сега веќе не е прашање што ќе ми се случи во моментот кога ќе прозборувам, сега е прашање на мојата општествена одговорност - вели Даниела Штајнфелд.

Актерката тргнала за Америка само 40 дена по трауматскиот настан да се обиде да заборави сè. Сепак, таа вели дека почнала да има ментални проблеми - секоја ситница започнала да ја потсетува на тој настан, престанала да спие, да јаде. Во еден момент, таа дури помислила и на самоубиство.

 Лекарите ѝ дијагностицирале посттрауматско нарушување на стресот - јасни и мерливи докази дека ја преживеала траумата.

- Бев лекувана од посттрауматско стресно нарушување една или две години. Во тоа време, не можев да функционирам нормално како личност, да се чувствувам безбедно. Претежно бев затворена. Ако имаше некој што би ме потсетил на него во која било смисла, ќе имав потешкотии со дишењето и добивав напади на паника - вели Даниела во интервју за „Инсајдер“.

Да посетиме, Даниела најпрво ја откри вистината за силувањето во документарецот „Излечи ме“, а после тоа призна дека станува збор за моќен човек од филмската индустрија, но досега неговиот идентитет не беше познат во јавноста.

Штајнфелд, минатата година објасни дека некогаш била парализирана од страв и дека поради тоа држела сè во тајност, како и поради стравување за безбедноста на семејството. Овој страшен настан е една од причините зошто актерката ја напушти Србија и реши да ги продолжи кариерата и животот во Америка.


Постои и аудио запис од разговор помеѓу Даниела и Лечиќ. А целото нејзино интервју и признание погледнете го овде:


извор:GLOSSY/INSIDER