Винчини наполитанки – Вкус кој спојува

Добивај вести на Viber

Искуството и спојот на традицијата, љубовта кон работата, амбициозниот тим од млади ентузијасти, професионалци во својата област, како и континуираното вложување и следење на иновативните процеси, се дел од рецептот за успех на нашата компанија.

Во изминатиот период посветивме големо внимание за унапредување на производствените процеси, усовршување на рецептите, но акцентот го ставивме на задржување на квалитетот и придржувајќи се на традицијата да се долови автентичниот вкус.

Од таа причина, еден од нашите најтрадиционални производи се наполитанките, омилен десерт на сите генерации.

Затоа, би сакале да се осврнеме повеќе на историјата, како е настаната наполитанката, и зошто ја задржала автентичноста.

Кората на наполитанката е  крцкава, тенка, слатка и сува. Почетоците на нивната примена е според традициите на некои народи, како на пример светата нафора во форма на  малите тркалезни лебници што ги користат христијанските цркви за прослава на Евхаристијата. Светата нафора е големиот бисквит земен од свештенството, додека нафоните за причест се помалите парчиња бисквити што им се даваат на луѓето за време на светата причест.

Божиќните нафора се бисквити кои се создадени со дезени кои прикажуваат различни религиозни сцени. Овие бисквити се популарни за време на Божиќ кај многу европски семејства. Римокатолиците од Источна Европа го слават Божиќ традиционално со Божиќните нафора. Во Полска, Словачка, Литванија и Италија, Божиќните наполитанки се служат за време на бдеењето на Бадник или Вигилија.

Облеа е варијација на нафора која припаѓа на традицијата на Мексико, Венецуела, Салвадор, Еквадор и Колумбија. Облеа е колаче што се ужива во овие земји како десертна храна што треба да се сервира со млечна карамела (дулче де лече) на средина.

Но, наполитанката не би била тоа што е ако не е вкусниот крем, со кој се премачкани вкусните крцкави кори.

Од самиот спој на крцкавата кора и неодоливиот крем создаден е вкусот кој спојува.

Кремот е создаден во италијанскиот град Неапол, од вкусни лешници.

Токму заради вкусниот неодоливиот крем од лешници создаден од Неапол, наполитанките го добиле своето име.

Наполитанките произведени во Винчини се македонски производ, направени се од одбрани македонски производи со висок квалитет. Со постојното унапредување на производството и вложувањето во најнова опрема и технологија, постигнавме рецептура на која не може да им одолеат ниту најпребирливите.

Спојот на традицијата и вкусниот десерт, Винчини наполитанките се призведуваат веќе со години на нашиот пазар, а го изведува и надвор од наште граници и се еден од најпрепознатливите македонски брендови.

ПР - објава