Вино од Балканот за гостите на Меган Маркл и Принцот Хари
На долгоочекуваниот 19-ти мај оваа година, ќе се случи кралската венчавка на Меган Маркл и Принцот Хари.
Покрај многубројните вина, на гостите ќе им биде послужено едно од хрватските лозја.
Имено станува збор за вино со име Илочки траминец од 2015-тата година.
Но, тоа не се само поради добрите односи со британскиот двор, причината за овој успех на Илочките подруми. Имено, ова високо квалитетно вино е светски познато. Неодамна тоа беше наградено со злато на винскиот натпревар Vinalies Internationales и беше прогласено за шампионско вино во Мостар, а пред две години во Лондон Декантер, познатиот траминец ја освои бронзата.
На гостите на кралската свадба Меган Маркл и Принцот Хари, ова вино ќе биде понудено како аперитив или ќе се служи со десертот, бидејќи така се служи.