Vip официјален партнер на годинешната концертна програма на Авалон продукција
Vip со големо задоволство го објавува официјалното партнерство со Авалон продукција за концертната сезона по повод 25 години од постоењето на продукцијата. Преку ова партнерство Vip е дел од голем број концертни настани со што македонската јавност добива можност да проследи атрактивни музички настани со различни стилови.
“За нас во Vip поимот партнерство е многу повеќе од збор напишан на парче хартија. Тоа е определба која се базира на доверба, почитување и соработка. Затоа Vip е привилегиран да биде партнер и да биде дел од овој значаен јубилеј не само за продукцијата Авалон туку и за македонската публика која ќе добие можност да избере настани од исклучително богатата програма со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена”, изјави Елeна Панова, маркетинг директорка во Vip на денешната прес конференција што се одржа во организација на Авалон продукција.
Со ова партнерство Vip докажува дека обезбедувањето повеќе вредност е главното ветување на Vip кон корисниците, но и кон заедницата и уметноста.