Вирален и сурово реален статус на Дац: Нашите поколенија нема да знаат скоро ништо за нас, колку го познавате таткото на својот дедо?

Добивај вести на Viber

Познатиот актер и пејач Драган Спасов- Дац на социјалните мрежи сподели еден статус кој многу брзо стана вирален, а ќе ве натера да се замислите за животот.

Го пренесуваме во целост.

„За 100 години 2123 сите ние ќе бидеме под земја.

Некои други луѓе ќе живеат во домовите за кои сме се бореле да ги создадеме и ќе го имаат сето она што ние денес го имаме.

Целиот наш имот ќе биде во рацете на некој друг, можеби и на такви кои ќе немаат појма какви сме биле... а колата на која сме потрошиле богатство најверојатно ќе биде на некој отпад.

Нашите поколенија нема да знаат скоро ништо за нас и ретко ќе не спомнуваат.

Колку го познавате таткото на својот дедо?

После нашиот живот ќе не памтат неколку години, а подоцна нашите дела ќе отидат на ѓубриштето на историјата.

Можеби кога подобро би размислиле колку енергија трошиме на создавање не се што имаме, сигурно би се сменил и нашиот поглед на свет. Би биле поинакви луѓе, подобри едни према други.

Се трудиме и работиме за да имаме се повеќе и повеќе, а толку малку време оставаме за работите кои навистина вредат. За жал ова станува стил на живеење.

Сигурно повеќе би уживале во прошетките на кои нигогаш не сме биле затоа што сме се бореле за минливото... за тие невозвратени гушкања... бакнежите на нашите деца и на нашите љубови... оние забави за кои никогаш не сме имале време.

Тоа би биле тие моменти за кои би ни се појавувала насмевка на лицата кога би ги спомнувале. Насмевка на лицето и топлина во срцето. Таквите работи би ги исполниле нашите животи повеќе одошто би ни донело минливото материјално. И тоа е тоа што од ден на ден го трошиме поради грамзливост... Штета.

Но добрата вест е дека имаме уште време за нас, ама колку има тоа не знаеме.

Можеби 30 години, или 20 или 10, а можеби неколку месеци или недели, денови или часови...

Треба убаво да се размисли за тоа...“