Вистинска дама: Запознајте ја мајката на Нина Бадриќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Мајката на Нина Бадриќ е вистинска убавица, погледнете ја фотографијата

Пејачката Нина Бадриќ е обожавана од публиката ширум регионот.

Иако со години е позната како еден од најдобрите вокали, таа успеа да ја заштити својата приватност од љубопитните погледи, па малкумина знаат како изгледа мајката на Нина Бадриќ.

Имено, мајката на Нина Бадриќ го прослави својот роденден и по тој повод пејачката ѝ испрати емотивна честитка преку својот профил на Инстаграм.

„Ти си сила, засолниште и штит... Среќен роденден мајко и да останеш што подолго блиску до мене“, напиша Бадриќ.

За потсетување, Нина беше многу приврзана и за нејзиниот татко Сима, кој, за жал, почина во 2014-та година. Инаку, Бадриќ пораснала во Загреб, а како десетгодишно девојче почнала да пее, како член на хорот „Звјездице“.

Мајката на Нина Бадриќ уште тогаш верувала дека нејзината ќерка ќе доживее извонреден успех, а судејќи по фотографиите, Мила е дама со исклучителна убавина и харизма.

Извор: www.gloria.rs