Вкупно 89 се лекуваат во болниците во Македонија, а 76 пациенти во странство: Еве каква е здравстевната состојба на повредените од пожарот

Добивај вести на Viber

Моменталната здравстевна состојба на повредените пациенти кои се на клиниките низ земјава и во странство е релативно стабилна, но не можеме да кажеме каква ќе биде понатаму состојбата, изјави денес на прес конференција заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.

„На пластика има 17, токсикологија 13, торакална 4, на трауматологија 2, на детската клиника 4, на карил има 14, во стара градска има 12, градска општа болница 8-ми септември 18, во штипската болница 3, на пулмологија 2, вкупно 89 пациенти кои се згрижени во Македонија. Досега вкупно во болниците во земјите низ Европа пратени на лекување се 76 пациенти. Последно, ноќеска во Хрватска се транспортирани 2, во Атина 3, Виена 2 и Словенија 2 пациенти“, изјави заменик министерот, Андовски.

Планирани се уште пациенти кои ќе бидат пренесени во болниците низ европските земји како Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.

„Моментално имавме состанок со докторите од Белгија, кои што пристигнаа вчеравечер, прават анализа на пациентите со најтешки повреди на Карил, од Израел се пристигнати 7, денес ќе пристигнат уште 10, ќе бидат распределени на Клинички и во 8-ми Септември и од Чешка се пристигнати шестмина“, изјави заменик министерот.

РЖМ