Влегол во салон и купил автомобил по цена од 5 стана: Еве колку чини луксузниот „ѕвер“ на Саша Поповиќ

Добивај вести на Viber

Саша Поповиќ веќе има возен парк проценет на 900.000 евра.

Креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ го зголеми возниот парк. Поранешен член на групата „Слатки грех“, кој има страст за автомобили од 1980-тите, купил автомобил Ферари за кој наводно потрошил половина милион евра.

Вчера Саша влегол во салон и решил да се почасти со автомобил кој го нема во својата колекција. По „поршето“ и „мерцедесот“ купи и „ферари“, кое ја има најлуксузната опрема и кое според сите проценки е најскапиот автомобил што го поседувал досега.

„Се започна во осумдесеттите, кога заработувавме многу пари. Многу. Заработувавме милиони. Сепак, немаше поволни можности за вложување пари во недвижен имот, па можев да инвестирам само во автомобили“, изјавил Саша за неговата страст кон автомобилите.

Да потсетиме, возниот парк на Саша Поповиќ, како што пренесуваат медиумите, вреди 900.000 евра, а познато е дека секоја година купува нови автомобили.

Фото: Принтскрин Јутјуб
Извор: mondo.rs