ВЛЕЗЕ ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА: СОПРУГАТА НА СТАЛОНЕ ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ

Добивај вести на Viber

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне е еден од ретките во филмската индустрија што успева да балансира помеѓу кариерата и семејниот живот. Славниот Роки и Рамбо веќе две децении е во брак со Џенифер Флејвин која пред неколку дена го прослави јубилејниот 50-ти роденден. 

Поранешната манекенка која не сака премногу да се експонира во јавноста, со својот изглед ги воодушеви фановите на нејзиниот сопруг кој, пак, со интересна фотографија ѝ го честита роденденот на социјалните мрежи.

- Долго време сме заедно и многу сум среќен што запознав таква фантастична жена - напиша Сталоне.