,

Внесете топлина во вашиот дом

Добивај вести на Viber

Пролетта е совршено време за освежување на домот и за внесување нови елементи кои ќе донесат нова позитивна енергија. Без разлика дали ќе се одлучите за реновирање на една соба или на целиот дом, мора да ја пронајдете соодветната тема и стил кој ви се допаѓа. Фокусирајте се на вашите преференции и идеи кои ќе ви овозможат да ја постигнете целта – да добиете соба или дом во кои ќе уживате. Со толку многу производи за уредување на домот кои се нудат на пазарот, тоа секако можете да го постигнете.

Не треба да сте архитект или дизајнер за да знаете дека постои огромна низа бои и многу украси и производи со различни цени. Иако небото е граница кога станува збор за давање нов изглед на домот, важно е да се одреди темата која ќе го следи вашиот проект, брендот на кој ќе ја дадете довербата и топлината што извира од секој производ.

Skopje City Mall изобилува со производи за домот и тоа од реномирани, интернационални брендови, чии производи се автентични, квалитетни и ги задоволуваат сите потреби. Токму продавниците со овие брендови цел месец, до 15 мај, ги отвораат своите врати за сите потрошувачи и посетители на трговскиот центар и на својот асортиман додаваат неверојатни попусти со кои омилените парчиња ќе можат да се купат по пристапни цени.

CoinCasa, Ecotip, JYSK, Kares, Ramstore, Galerija, ICS Group, NEFA, Top Shop, TAC и Lusso ќе внесат топлина во вашиот дом преку широката понуда на мебел, теписи, постелнини, декорации, садови, украси и многу други додатоци со докажана естетика и квалитет.

Пред да ги посетите овие реномирани брендови, погледнете ја целосната понуда во ексклузивниот каталог на Skopje City Mall изработен за кампањата: www.skopjecitymall.mk/home