Внуката Душанка ѝ го исполни најголемиот сон на баба ѝ: За прв пат ја однесе на море, нејзината реакција ќе ве воодушеви (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пресреќната баба воодушеви многумина со своите реакции и коментари

Дека социјалните мрежи не се само забава за младите сведочи и една баба чии реакции и искуства на море ги снимила нејзината внука.

Имено, една Душанка сакала да ја израдува својата баба така што за прв пат во животот ја однела на море.

@babina_duca Vodim babu prvi put na more #sea#summer#2023#montenegro#putnamore#vozsrbija#baba## original sound - Dušanka

Насмевки, солзи, феноменално дружење, пренесување впечатоци се само дел од видеата кои внуката ги споделува на својот TikTok профил.

Коментарите се наредија под ова видео и повеќето од нив беа пофалби за идејата за оваа прекрасна внука.

- Некако е тажно што првпат го гледа морето и уште е вака среќна. Не знам, некако ми доаѓа тага. - гласи еден од коментарите.

@babina_duca Part dva sa babom na moru, uzivajte kao i nas dve. Hoćemo li part 3 ? #sea#montenegro#baba#summer#2023#dobrevode# original sound - Dušanka

По неколку дена, поради убавите впечатоци и коментари, Душанка го сподели вториот дел од своето искуство со баба ѝ на море. Она што е најинтересно за сите е првиот впечаток на бабата од морето.

- Солено е и не сакам да излезам од водата. - рече пресреќната старица.


Foto: TikTok printscreen/babina_duca