Внуката на Љубиша Самарџиќ е вистинска бомба: Преживеа страшни трагедии, се сеќава на дедо си со солзи во очите

Добивај вести на Viber

Фото: PRINTSCREEN/YOUTUBE

Легендарниот Љубиша Самарџиќ почина во 2017-та година, оставајќи зад себе бројни улоги, награди и признанија, но и внуци, од кои едната е Сара Самарџиќ

Внуката на Љубиша Самарџиќ по професија е менаџер за обезбедување. Сепак, таа е интересна за јавноста токму поради фактот што нејзиниот дедо беше еден од омилените српски актери. Покрај убавината која плени, Сара изгледа и како модел, а доказ за тоа се нејзините фотографии на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Samardzic (@sara_samardzic)


Сара немаше воопшто лесен живот. Таа страдаше поради смртта на нејзиниот татко, кого го загуби многу рано, а дури и нејзиниот дедо Љубиша никогаш не се опорави од загубата на неговиот син Драган во 2011-та година.

Голема тага повторно ја погоди Сара пред неколку години, кога ја загуби и својата мајка. Внуката на Љубиша Самарџиќ тогаш сподели фотографија од свадбата на нејзините родители со коментар дека сега повторно се некаде заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Samardzic (@sara_samardzic)


По смртта на нејзиниот дедо, Сара на Инстаграм напиша:

- Имав среќа што те познавав 23 години, од мала и не разбирав што е да се биде актер и да се биде славен, што се лутев кога странци ќе ми пријдеа додека се шетав со дедо ми, што плачев на сцените на „Полицаецот од Петлово брдо“, затоа што како може дедо ми да седи со 4 жени, а ниту една да не ми е баба – напиша Сара меѓу другото, а потоа се прости од својот дедо:

- Знам дека си среќен таму горе и дека после толку години повторно си со твојата Гага. Не грижеи се, нас жените не оставив во сигурни раце, Стефке ќе не чува овде, тој е сега глава на куќата, а вие и Гага од рајот. Дедо, сега збогум.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Samardzic (@sara_samardzic)


Извор: www.kurir.rs