Внукот ќе го носи името на дедото: „Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов – Јуниор“

Добивај вести на Viber

На 4 април екс претседателот Ѓорѓе Иванов стана дедо. А сега јавноста потслушна и дека првата радост во семејството на Иванови ќе го носи името на дедото Ѓорѓе.

Имено, на Инстаграм познатиот музичар Владимир Четкар сподели приказна во која напиша да е жив и здрав Ѓорѓи Иванов Јуниор.


На фотографијата е заедно со друштвото, меѓу кои е и бившиот претседател Иванов и неговиот син, новопечениот татко Иван Иванов.

Од фотографијата се гледаат родосните лица и наздравувањето за приновата во семејството на Иванов.

Инаку, минатата година во октомври Иван ја побара за сопруга неговата избраничка Јана, а парот официјално стапи во брак во февруари годинава.


Иван и Јана си кажаа „ДА“: Се ожени синот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов