Внукот на Ферус Мустафов за состојбата на својот дедо: Пред една недела доби мозочен удар, првите денови нормално функционираше, потоа го ставија на апарати
Состојбата на Ферус Мустафов (72) е критична. Во моментов е во вештачка кома, а прогнозите не се добри, вели Ферус Мустафов јуниор, внукот на славниот музичар.
- Се молиме за неговото здравје, но последните прогнози говорат дека состојбата е многу критична. Доби мозочен удаар на 26 април. Веднаш го однесоа во болница. Бев на пат и сакав да се вратам, но моите родители ми рекоа дека дедо ми е во болница, добар е и нормално функционира. Неговата состојба се влоши пред три дена. Докторите го ставија во вештачка кома. Им благодарам на сите кои ни даваат поддршка во овие тешки времиња за нашето семејство – вели Ферус Мустафов јуниор и дополнува дека музичарот пред една година го добил првиот мозочен удар.
-Брзо се опорави и им се врати на настапите. Беше здрав, во голема форма, пред да го добие вториот мозочен удар – вели внукот кој тргна по стапките на својот славен дедо, и веќе има своја кариера
С.А.Н.
Фото: FerusMustafovFacebook