Внукот на Тоше Проески, Кристијан навиваше на трибините на стадионот кој го носи името на вујко му (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Голем број фанови и навивачи на македонскиот фудбал синоќа од Арената „Тоше Проески“ го следеа натпреварот на Македонија со Англија.

Многу познати личности, политичари и фудбалски обожаватели ги бодреа фудбалерите.

Меѓу навивачите на трибините беше и внукот на македонската пејачка легенда Тоше, Кристијан.

Заедно со другарите, Кристијан навиваше за Македонија.


Инаку Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Англија во последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024.


ФОТО: Фејсбук