„Николај е главниот херој во романот“: Актерката Маја Андоновска со емотивна порака за годишнината од бракот
Атрактивната актерка Маја Андоновска Илијевски, родум од Битола многупати истакнала дека е љубител на летото. А една од причините за нејзината наклонетост кон топлите денови очигледно е и тоа што токму во август, таа и нејзиниот партнер го кажале судбоносното „Да“.
По повод нивната 11 годишнина од бракот актерката која е дел од Народниот театар во Битола, а сме ја гледале и во Македонските народни приказни, на Инстаграм Стори сподели фотка со бурмата и напиша: „11 години заедно и продолжуваме. А во 11 години од прашањето испишавме еден цел роман... Николај е главниот херој во романот“.
Маја важи за дама која е секогаш стокмена и жена која знае како да ги комплетира парчињата облека и да добие елегантен и софистициран изглед од кој се одзема здивот.
А бидејќи летово е период на годишни одмори, неодамна актерката објави и фотографии на кои е во костим за капење, коj ја истакнува нејзината извајна фигура.
За стилот во интервју за Женски магазин, Маја изјави: „Стилот е нешто што расте заедно со личноста. Јас ја имав таа среќа да растам и учам од мајка ми, една прекрасна, културна, беспрекорно средена, преубава жена. И верувајте не дека ми е мајка, но таа ден денес важи за една од најсредените жени во Битола. Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива
Р.Ж.М.