Во „Аџибадем систина“ MRI – снимањата за викенди и празници на половина цена
Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција и комфор за пациентите - се главните предности на магнетната резонанца MRI 1,5 Tesla. Услугите и прегледите кои се прават со овој апарат започнувајќи од 20 март (сабота) за време на викендите и неработните денови во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе можат да се изведуваат со попуст од 50%.
Апаратот MRI 1,5 Tesla e едно од поновите техничко-технолошки достигнувања во современата медицина кој се користи при дијагностицирањето на голем број промени на човековото тело. MRI 1,5 Tesla за само неколку минути произведува илјадници слики со кои се проценува функцијата на органите, апаратот се користи при испитување на мозокот (нативни и постконтрастни испитувања), артериографија за приказ на мозочните и вратните крвни садови, цервикалниот, торакалниот и лумбалниот `рбет (нативни и постконтрастни испитувања), на белите дробови, абдоменот, мускуло-скелетниот систем или на која било регија на телото (нативни и постконтрастни серии).
Ваквите испитувања не треба да се одложуваат дури ни во услови на пандемија, бидејќи раната дијагноза е од клучно значење за успешен третман на сите болести.
MRI 1,5 Tesla е апарат кој не користи јонизирачко зрачење и претставува метода која во процесот на создавање слика користи магнетно поле. Со самото тоа што користи магнетно поле, не постојат никакви штетни влијанија врз пациентот и неговото здравје.
ПР објава