Во близина на манастирот каде е замонашен неговиот брат: Милош Биковиќ купи „трошна“ куќичка и ја претвори во викендица

Добивај вести на Viber

Милош Биковиќ неодамна ја запроси својата бремена девојка, убавата адвокатка Ивана Малиќ, со која наскоро ќе стапи во брак. Актерот пред неколку години купи имот на кој изгради викендица, која ќе биде одлично место за релаксација со семејството.

Биковиќ имотот го купи во селото блиску до главниот град, кој бил прилично запуштен и кој прво морал да го исчисти од змии и нечистотија.

- На имотот имаше стара земјена куќа која сакав да ја зачувам, но немаше помош за неа, беше целосно искривена и за жал морав да ја срушам, изјави Биковиќ.

Причината поради која го купил имотот, токму на ова место е затоа што манастирот во кој е замонашен неговиот брат Михајло е многу блиску.

- Релативно е блиску до манастирот на брат ми. Некои пријатели што ги познава овде кои дознале дека овој имот се продава веднаш му се јавиле. Јас тогаш реков: „О, чекај, ова е блиску до Белград, можам да бидам таму за помалку од еден час“, а понудата исто така беше добра. А всушност сега почесто се гледаме кај него во манастирот... изјави Милош во една српска емисија.


Фото: Инстаграм/screenshot/youtube