„Во богатството има многу пријатели. Во сиромаштијата нема ни роднини“: Освестувачка приказна на Јасмина

Добивај вести на Viber

Приказната на Јасмина е тажна, но за жал, таа е честа појава во денешното општество.

Јасмина пораснала во мало село, во семејство кое се борело за основните животни потреби. Уште од рана возраст научила да го цени секој залак и да биде благодарна за она што го има, иако тоа често било многу малку. Јасмина по завршувањето на средното училиште решила да го напушти родниот град и среќата да ја побара во голем град. Иако работата била тешка, таа работела на различни работи за да може да студира и да заврши факултет. Нејзината напорна работа и упорност вродиле со плод- таа набрзо нашла добро платена работа и нејзиниот живот драстично се променил.

Сега имала доволно пари за се‘ што сака и повеќе не морала да се грижи за основните потреби. Меѓутоа, како што се подобрувала нејзината финансиска состојба, околу неа почнале да се собираат многу „пријатели“. Одеднаш се појавиле луѓе кои ѝ понудиле друштво, забави и луксузни вечери. Јасмина била среќна што конечно го имала социјалниот живот што отсекогаш го посакувала. Дури и роднините кои некогаш биле рамнодушни кон неа, сега покажале голем интерес за нејзиниот живот и успех.

Но, среќата не траела долго. Поради лошите деловни одлуки и финансиските проблеми, Јасмина брзо изгубила речиси се‘ што имала. Нејзиниот свет целосно се распаднал. Она што најмногу ја погодило не било губењето на материјалниот имот, туку ненадејната промена во однесувањето на луѓето околу неа. Пријателите кои постојано биле покрај неа исчезнале без трага. Веќе не ја поканувале на вечери, забави, ниту ѝ праќале пораки за поддршка. Дури и некои членови на семејството почнале да избегнуваат контакт со неа.

Јасмина ја сфатила болната вистина - луѓето ѝ приоѓале само поради богатството, не поради самата неа. Чувството на предавство и осаменост било длабоко и неизмерно. Со оглед на новата реалност, Јасмина била принудена да се пресели од луксузен стан во многу поскромен дом. Соочена со оваа нова реалност, таа покажала неверојатна сила. Па решила да си го обнови животот, но овој пат со поинаков пристап. Таа научила да ги препознава вистинските пријатели од оние кои биле до неа само за корист. Иако нејзиниот пат бил тежок, таа полека повторно застанала на нозе.

На тоа патување стекнала неколку вистински пријатели кои биле до неа без разлика на нејзината финансиска состојба. Јасмина сфатила дека вистинското богатство не лежи во материјалните работи, туку во љубовта, поддршката и разбирањето што го даваат вистинските пријатели и семејството. Приказната на Јасмина е моќен потсетник дека вистинските пријатели и семејството се држат со нас и во добри и во лоши времиња. Сиромаштијата ја открила вистинската природа на многу луѓе околу неа, но и ѝ дала сила да го цени она што е навистина важно во животот.


Фото: freepik