Во еден момент ја пречекаа како Тито, а во друг ја „распнаа како Исус“: Тијана во одбрана на Тамара за химната

Добивај вести на Viber

Изминаа 4 години откако Тамара Тодевска на прославата на Денот на независноста на САД, 4-ти јули, ја погреши химната на Македонија. При изведбата не беше испеан делот каде што се спомнуваат Гоце Делчев и другите народни херои, што наиде на остри критики и рекации од јавноста. Тамара буквално беше „распната“. На друштвените мрежи кужеа и теории дека сето тоа е нарачано и платено и дека не се работи за ненамерна грешка, напротив.

По оваа грешка Тамара јавно се извини:

А потоа, за да ги увери сите во спротивното, таа ги истетовира народните херои кои не ги спомена во химната.

Неколку годни по овој настан, неодамна, во поткасотот на Стефан Лазаров Тијана повторно ја отоври оваа тема. Таа застана во одбрана на Тамара и спомна дека и таа ја погрешила химната на Србија во една прилика, и дека на секој пејач му се случува да се збуни.

-Тамара у мај кога се врати од Евровизија и беше дочекана како Тито, како најголем народен херој и само неколку месеци подоцна... Цела фамилија го преживеа тоа многу страшно... Криминал е кога секој си дозволува да пишува свашта. Што сакате да кажете, дека на неа и се јавил некој и ѝ кажал еј слушај ќе добиеш пари ако тоа го ... Не. Него е Тамара тетреб која во тој момент.. се дешава блок. Знаеш ли дека мене тоа ми се има десено на утакмица у Београд.... Пеев химна на Србија и само затрокирав во еден момент, се дешава бре луѓе, се случува блок.  Не можев да се сетам на следната строфа, барав кој ќе се свтри кој ќе ми помогне..., изјави Тијана.

Фото: facebook/screenshot/instagram