Во Македонија живеат 46,14 отсто православни, 32,17 отсто муслимани: Во едно семејство има по 3,06 члена

Вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, на 5 септември 2021 година изнесувало 1.836.713 жители, објави денеска Државниот завод за статистика како резултат на пописот кој беше одржан минатат година. Од нив, 50,4 отсто се жени, а 49,6 проценти се мажи.

Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 отсто - се во возрасната група од 40-44 години. Од статистика велат дека куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58,44 отсто од населението се изјасниле како Македонци, 24,3 проценти како Албанци, 3, 86 проценти како Турци, 2,53 отсто како Роми, 0,47 проценти како Власи, 1,3 проценти како Срби и 0,87 проценти како Бошњаци и други.

Детали читајте на Фактор тука.


ФОТО: EPA/ Georgi Licovski