Во минатото, жените ги носеа само на плажа: 5 модели на плетени чанти што можете да ги носите и по одморот

Добивај вести на Viber

Трендовски варијанти на плетени чанти се апсолутен хит оваа сезона

Жените генерално сакаат големи чанти во кои можат да ставаат скоро се. Чантите се неизоставен дел од гардеробата на секоја жена и се составен дел од секој добар стил.

Сигурно сте чуле многу пати дека луѓето од светот на модата велат: „Ниту еден стајлинг не е комплетен без добра чанта“ и тие се во право, затоа што кога имате добра чанта, дури и наједноставниот црн фустан ќе изгледа ефективно.

Оваа сезона, старите добри плетени чанти што ги гледавме само на плажа претходните години се „преселија“ во секојдневна облека.

Оваа година, дизајнерите се потрудија и направија вистински ремек-дела од плетени чанти што би ги сакала секоја дама.

Доколку се решите летово да плетете торба, сигурно нема да погрешите, а ние како инспирација ви донесеме неколку интересни идеи.


1. Плетена чанта од природен материјал 

Овие чанти се повторно во тренд и како да не бидат кога е многу погодно да спакувате неколку работи во нив. Практични се за шопинг, но и за секојдневна облека со беж ленен фустан и сандали.

2. Чанта со животнски принт 

Едно време, животинските принтови беа екстремни и не ги гледавме често. Сепак, сега тие се повторно во тренд и ги има буквално насекаде, а во комбинација со плетени рачки, тие го исполнуваат главниот моден диктат на летото 2021 година.

3. Плетена корпа-чанта 

Големите чанти ко корпи изгледаат одлично во крем и беж варијанта. Заедно со ленени и памучни комбинации на облека, тие се идеална комбинација за топлите летни денови.

4. Помала плетена чанта 

Чанти изработени од природни материјали се многу популарни оваа сезона. Совршено ќе ги комбинирате со широки здолништа, фустани кои го нагласуваат струкот и сите парчиња облека во ретро стил.

5. Голема оверсајз чанта 

Чанта која изгледа прекрасно и може да собере се што и треба на една дама е сон на секоја жена. Преголемата чанта изгледа многу луксузно и е тренд што ќе го привлече вниманието на љубителите на уникатни додатоци.


Фото: printerest

Можеби ќе ве интересира:

Марама во коса: 6 начини да имате поинаков, ретро летен стајлинг и да ја освежите фризурата