Во Охрид најубаво се растеше: Музичарот Владимир Четкар се потсети на детството кога беше „посветен нудист“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Владимир Четкар важи за еден од најзгодните ергени на македонската естрада.

Често патува и настапува надвор од државата, најчесто во Америка, а доста активен е и на социјалните мрежи.

Една од последните негови фотки е сеќавање на неговото детство во родниот Охрид.

„Растењето во Охрид беше бајка. Се сеќавам дека ја надминав оваа мала препрека кога имав 8 години како да беше вчера.

П.С.: Тогаш бев посветен нудист“ - напиша музичарот покрај фотографијата.


View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Cetkar ( Четкар ) (@vladimir_cetkar)



Четкар, од друга страна доста внимателно го крие приватниот живот од љубопитните очи на јавноста .

Во едно интервју за Женски магазин, тој не сакаше да открие никакви детали и реши приватноста до ден денес да ја зачува само себе.

„Најдобро нека си остане приватниот живот приватен колку што е тоа можно денеска“, рече музичарот.


ФОТО: Инстаграм