Во осмиот месец од бременоста, Ирина Дишо се искачува на Водно: „Благодарна сум за моето тело и за сите неверојатни работи што ми ги дозволува да ги чувствувам и правам“
Планинарката и алпинист Ирина Дишоска ужива во втората бременост. Не престана физички да биде активна иако е веќе во осмиот месец од бременоста.
Ирина е вистински мотиватор за сите идни мајки кои во период на бременост сакаат да останат во фит форма.
„Многу сум благодарна за моето тело и за сите неверојатни работи што ми ги дозволува да ги чувствувам и правам. И без разлика како изгледате во текот на бременоста во очите на другите, чувството кај бремената жена е секогаш исто. Се чувствуваме како видри“, напиша Ирина.
И по првата бременост со малиот Јосиф, Ирина продолжи да го качува Водно. Па така спонтано организираше група на мајки кои се во постпородилен период и сакаат да одржат кондиција, па така здружено со нивните деца најмалку еднаш недело ги искачуваа падините на Водно.
Парот Ирина и Павле Камилоски очекуваат на нивниот син Јосиф да му се приклучи сестричка.
Фото: Инстаграм
РЖМ