Во ова здолниште е невозможно да изгледате лошо: Кралицата Летиција во комбинација каква секоја дама треба да има

Добивај вести на Viber

Женствено, едноставно, одмерено, а сепак - ова здолниште на шпанската кралица е толку волшебно што само тоа го гледате на фотографиите

Летиција од Шпанија, сопругата на кралот Фелипе Шести, важи за некрунисана кралица на рециклирањето и често и со задоволство повторува стари парчиња и аутфити, а секој пат кога носи нешто во што досега не сме ја виделе - светот на модата за момент застанува.

View this post on Instagram

A post shared by Elegeme (@letiziaroyalfashionlook)



Една од официјално најдобро облечените жени на планетата совршено се прилагодува на секоја пригода, избирајќи облека која е и ефикасна и суптилна и зрачи со дамски стил. Така беше минатиот викенд, кога кралската двојка присуствуваше на прославата на Денот на вооружените сили во Гранада.

Додека нејзиниот сопруг носеше униформа, во склад со традицијата, кралицата Летиција изгледаше божествено во женствена и елегантна облека совршена за летните веселби.

View this post on Instagram

A post shared by Newspaper, noticias Y Curiosidad (@news_and_notas)



Нејзиниот избор беше блуза Boüret со кратки ракави со V-деколте, која ги истакна рамениците, вовлечена во вистинско модно ремек дело - несекојдневно здолниште идеално за секој тип на тело.

Имено, Летиција се појави во здолниште во А-крој, длабоко парче кое постепено се проширува, а предметниот модел е украсен со „прскани“ повеќебојни дезени на бела позадина. Станува збор за парче потпишано од севилскиот бренд José Hidalgo, одлично доколку сакате да изгледате послабо и визуелно да ја издолжите фигурата.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)



Шпанската кралица го искомбинира со циклама чанта со кроко ефект од Ansa per Ansa Menorca, како и чевли со slingback во истата нијанса од Magritte, нејзината омилена модна куќа кога се чевлите во прашање.


Многу пристојно ја спои комбинацијата со златни PABERY joyas обетки, со разнобојни камењчиња, совршено усогласени со здолништето, а косата ја разделила на страна и ја врзала во ниско опавче.


ФОТО: Инстаграм принтскрин


Кралицата Летиција најде комбинација каква секоја дама треба да има: Во ова здолниште е невозможно да изгледате лошо