Во секој ваш збор почувствував по една молитва: Ново обраќање на Северина

Добивај вести на Viber

Северина со ново емотивно писмо им се заблагодари на фановите кои во голем број ѝ дадоа поддршка, откако неодамна го изгуби стрателството на синот Александар.

- Ви благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството кога на некому си му во мислите, те разбира и знае „за што овде се работи“. Им благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував по една мала молитва - напиша хрватската поп-ѕвезда на социјалните мрежи.

Судот донесе привремена мерка и во пресудата одлучи нејзиниот син во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Пејачката ќе може да го гледа само попладне двапати неделно и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер. 

Еден ден по оваа одлука, таа се огласи со писмо до синот на својот Фејсбук профил. Покрај емотивните зборови, таа сподели и една заедничка фотографија и две фотографии од писмото кое малиот Александар го напишал за неа.

Минатата недела и Северина и Милан дадоа интервјуа. Поповиќ за српски „Телеграф“ изјави дека неговата цел никогаш не била детето да ѝ се одземе на мајката, но и дека старателството е заедничко, со тоа што Александар отсега ќе живее со него.

- Доколку детето сака да поминува повеќе време со мајката и ако таа ги почитува неговите обврски како што е на пример училиштето, не гледам проблем мајката и сиинот повторно да поминуваат повеќе време заедно. Сакам да нагласам дека Северина е глава на своето семејство, таа ја издржува целата фамилија, многу работи, активна е и има многу малку слободно време на располагање. Иако според старата пресуда детето живееше кај неа, времето кое таа досега го поминуваше со синот беше многу ограничено - раскажа Поповиќ за „Телеграф“.

Неколку дена подоцна и Северина даде есклузивно интервју за „Јутарњи“.

-  Очекував сè, но не и ова. Точно, се исплашив, особено после последното рочиште, и тоа чекање за одлуката беше најлошо. Но, сега не се плашам од ништо. Доживеав многу работи во мојот живот што ме натераа да се срамам поради другите, ретко од себе. Но, ова е живот и ова е исто така едно големо искушение што сигурно ќе го издржам затоа што на моето дете му требам онаква каква што сум, и тоа е добра, здрава и присебна мајка, без оглед на тоа што вели пресудата. Овие се само неколку реченици и како што рекол Тито: „Јас не го признавам нивниот суд, но ќе го почитувам. Јас немам друг избор. Повеќе не се плашам од ништо “- кажа меѓу другото пејачката.