Во Скопје традиција прилагодена на моменталната ситуација и протоколите што ги наметна пандемијата

Добивај вести на Viber

Традицијата не се менува- велат членовите на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје.Тие по 29ти пат ја организираат оваа традиционална манифестација прифатена и поддржувана од скопјани во пресрет на Бадник и големиот христијански празник Божик.

Таа е прилагодена на моменталната ситуација и протоколите што ги наметна пандемијата на Ковид 19.Останува делењето бадникови гранчиња не во дворот на Соборниот Храм Свети Климент охридски туку на неговите два влеза,претходно осветени од свештенослужителите на Храмот по 10 часот откако со звуците на бадниковата химна ќе биде подигнато знамето на бадник на јарболот покрај знамето на Македонија и на Мпц,Церемонијата на примопредавање на преодниот ќуп од рацете на стариот Кум Антони Пешев на новиот Никола Пановски,осветувањето на погачата со паричка обраќањето на владиката Стефан,на градоначалниците на Скопје и Општина центар,обраќањата на кумовите и на здравичарот Миодраг Врчаковски ќе се одвиваат во Храмот со пренос на Македонското Радио. Новиот Кум и здравичарот ќе заминат од Соборниот Храм со пајтон.препознатливото возило на некогашно Скопје поздравени од своите сограѓани. 

Со секое бадниково гранче скопјани ќе добијат и по една маска за заштита со логото на Здружението.Не изостана ни долгогодишната традиција на посета на Домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани на делегација на Одборот на ќело со Кумот Др.Проф,Никола Пановски кој дарува помагала за на шите сограѓани на кои им се поделени и осветени гранчиња маски,како и јужно овошје за Големиот Празник.