„Во свет на Цеца и Карлеуша, биди Сека“: Како Сека Алексиќ ги уништи стереотипите што ги следат естрадните пејачки

Добивај вести на Viber

Во последните неколку недели Сека Алексиќ стекна илјадници нови фанови, но и симпатии и почит кај оние кои го мразат турбо-фолкот

Сè започна од нејзиниот твит, на првиот ден од протестот „Србија против насилството“ во Белград. „Благодарение до временската прогноза која најави страшно невреме за денеска и не советуваше да не излегуваме од дома доколку е апсолутно неопходно“, напиша иронично таа и сподели бројни фотографии од протестот на кои се гледа непроценлива маса луѓе.

Сека Алексиќ со тој гест предизвика лавина позитивни реакции, а најгласни беа оние кои не ја следат естрадата и се први за стереотипите што ги следат естрадните пејачи.

Пејачката продолжи да повикува на протести и да ја критикува владата со твитови. 

„Во свет на Цеца и Карлеуша, бидете Сека Алексиќ“, напиша Марко Дражиќ, колумнист и дел од тимот на „Њуз нет“. Следеа епитети како „кралица“,, „легенда“. Во моментов Сека е веројатно омилената јавна личност на социјалните мрежи во Србија.

Матурска вечер во Врбас

И во екот на протестите стигна вест за девојката од Врбас, која претрпе врсничко насилство. По бурните реакции на мрежите, пејачката повторно се јави.

„Еве јас ќе одам со неа на матура. Каде е тоа мало девојче?“, напиша Сека. Епилог: Сека Алексиќ ќе ѝ биде придружничка на малата Миа на матурата.

View this post on Instagram

A post shared by (@seka_aleksic)


Која е Сека Алексиќ?

Алексиќ никогаш не криела дека имала тешко детство.

Родена е на 23 април 1981 година во Зворник како Светлана Алексиќ. По разводот на нејзините родители, таа со мајка ѝ и брат ѝ се преселила од Босна во Бања Ковиљача, од каде што се преселила во Липолист.

Сека живеела во Липолист со мајка ѝ, брат ѝ и очувот, кој ѝ бил единствената поддршка кога сакала да почне да пее.

По завршувањето на основното училиште влегла во средното земјоделско училиште, но поради слабите резултати го напуштила во 1996 година и се посветила на пеењето.

Најпрво започнала да настапува со бендот „Строго поверливо“, живеела во Бјелина, а во 2000 година на 19 години заминала во Швајцарија каде настапувала по клубови. Во 2003 година, таа се здоби со огромна популарност благодарение на песната „Црно и златно“.

„Ние не сме ангели 3“

Во филмот „Ние не сме ангели 3“ таа се испроба како актерка, портретирајќи го ликот Смоквица. За време на снимањето кадарот го сподели со Урош Ѓуриќ, кој во интервју за „Време“ изјави дека „Сека Алексиќ е бренд и секоја ѝ чест“.

Таа е во брак со Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина.

Извор: www.danas.rs