Во вакво издание не сме ја виделе: Андријана Петрушовска, финалистка на „Гранд“ како секси шанкерка го заведе српскиот модел

Добивај вести на Viber

Македонската финалистка од претходната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја објави нејзината прва авторска песна.

Песната е комплетно дело на Дејан Николиќ. Песната е насловена како „Маније“ и е на српски јазик.

Андријана Петрушовска по освоеното високо трето место на „Гранд“ продолжи да ја гради својата музичка кариера и да постигнува нови успеси.

Во видео записот Андријана се појавува во неколку интересни изгледи, а во еден момент и со едно момче со кое стои зад шанкот.

Фановите веќе почнаа да коментираат, а секој збор под песната на Јутјуб е позитивен.

„Браво“, „Одлична песна“, „Честитки“, „Е ова веќе е хит“, се само дел од коментарите.

Во спотот на Петрушовска се појавува српскиот модел Јаков Ѓорѓевиќ.


Фото: Принтскрин/ Јутјуб