Водителката Бубе Јаневска се потсети на моментите кога ќерка ѝ беше бебе: Времето лета (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата водителка од Канал 5 телевизија, Љубица Јаневска - Ивановска се наврати на некои убави моменти

Имено Бубе на својот профил на Инстаграм објави фотографија од 2015-та година на која е нејзината ќерка Нела.

- Лета време, бебево порасна - напиша таа.

Сакаме да израсне во личност која ќе биде силна, храбра, чесна и искрена. Секако низ годините ќе се челичи низ различни ситуации. Важно е од секое искуство да научи нешто, да научи да не ги повторува грешките, да препознава лоши луѓе, да верува во себе и своите квалитети - раскажа претходно Бубе во интервју за Женски Магазин.