Водителката Деа се огласи за прв пат по несреќата

Водителката Деа Ѓурѓевиќ  од српската ТВ „Пинк“ која во февруари страдаше во тешка сообраќајна несреќа, за прв пат се огласи на социјалната мрежа Инстаграм. 

„Ова е единствената моја изјава до сега. Од несреќата не сум се обратила. Би ги замoлила сите свои пријатели новинари за трпение и колегијалност, затоа што уште нема да давам изјави. Ви благодарам“, напиша водителката. Таа се заблгаодарила на медицинскиот персонал на ВМА, каде што речиси два месеци помина во шок соба, што биле професионални и пријателски се грижеле за неа.

Во вторникот, Деа е префрлена на одделението за отропедска хирургија на Клиничкиот центар на Србија, каде што ќе продолжи нејзиниото закрепнување. Според српските медиуми, состојбата на водителката е стабилна, но ѝ следи долго закрепнување.

Деа беше тешко повредена на почетокот од февруари на Дедиње во Белград, кога патувала накај работа. Прво имаше судар со друг возач, а кога излегле од своите возила, ја удри автобус кој, според српските меидуми ѝ ја откина раката. 

Фото: Мондо