Водителката Елена Стојановска на уникатно патување: Погледнете каде ужива црнокосата убавица

Добивај вести на Viber

Водителката од утринската програма на Сител Телевизија, Елена Стојановска препознатлива по нејзината убава насмевка овие денови ужива на плажите во Мексико.

Во костим за капење целосно е препуштена на уживање. Елена ја покажа и нејзината витка линија во фустан со тиркизна боја кој одлично се вклопил со амбиентот каде што е фотографирана, додека ветерот дува во нејзините коси, а во заднина се гледаат сините бранови од морето.

Водителката објави фотографија од катедралата Сан Гервацио, знаменитост кој се наоѓа во Вaладолид, град кој се наоѓа во мексиканската сојузна држава Јукатан.

Се надеваме дека ова уникатно патување на Елена ќе и донесе многу убави спомени.

Инаку црнокосата водителка пред две недели го прослави нејзиниот 44 – ти роденден.

Фото: Инстаграм
РЖМ