Водителката Јелена Богојевиќ кажа „ДА“: Вереничкиот прстен го покажа на Инстаграм (ФОТО)
Се вери убавата водителка Јелена Богојевиќ. Таа среќната вест ја сподели со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм споделувајќи фотографија од прстенот и момчето .
Покрај фотографиите, Јелена објави и неколку редови посветени на нејзиниот партнер на кој му кажа „ДА“.
„Ispod ovog neba samo ti
i kad kapnem na tvoj dlan,
kad se stisnem kraj tebe
nek me čvrsto drže ruke,
tvoje ruke sigurne...“ - пишува во постот на водителката.
Имено, Јелена ја води емисијата Магазин.
Во една прилика за Женски магазин Јелена откри дека има момче и дека тој најмногу ја мотивира.
– Наутро сакам прво да појадувам и испијам кафе, навистина првиот оброк ми е најважен за да останам свежа и активна во текот на денот…
Првото утринско кафе го пијам или сама или со најблиските во домашна атмосфера, а потоа пијам уште некое кафе на работа или пак во скопските кафулиња-во она време пред пандемијата.
Најмногу ме мотивираат семејството, партнерот, блиските другари и другарки од кои секогаш добивам најискрени совети, поддршка и ветер во грб…
Тука е и професијата која ме исполнува и инспирира да го давам од себе максимумот… Сакам да учам нови работи, да се надоградувам во секој поглед, како духовно, така и професионално“, рече водителката.
Зборувајќи пак за својата нега, убавина, за одржување на линијата, ги откри и нејзините ритуали за убавина.
– Освен за козметички производи и масажи, за телото се грижам и со активности како пешачење, возење велосипед, пиење поголема количина на вода.
Посебен режим на исхрана во моментов немам, се трудам да јадам разновидно и умерено и најверојатно и брзиот метаболизам си го прави своето за одржување на линијата.
Многу го сакам и скработ од кафе кој освен за лице, може да се употребува и за тело, а сум „зависник“ и од парфеми и лосиони, креми за тело“, рече оваа убавица.