Актуелно // Insta вести
Водителката Милена со фризура која ќе биде популарна оваа пролет: Совршена за сите кои сакаат промена
Ако сакате да направите промена на себе која ќе биде видлива уште на старт тогаш почнете од косата.
Така советуваат експертите за убавина, а една освежителна промена кај себе направи водителката Милена Антовска.
Таа го освежи изгледот со миди-боб фризура која е вистински хит оваа сезона. И не згреши, промената од долга коса одлично ѝ прилега.
Оваа должина на коса до рамениците ви дава слобода да избирате помеѓу различни стилови - од брановидна до целосно права коса. Миди-бобот е исклучително прилагодлив, совршен за девојки кои сакаат промена, но не сакаат да се откажат од косата со средна должина. Дополнителен бонус? Брза подготовка за секој ден без губење време.
ФОТО: Инстаграм принтскрин