Актуелно // Insta вести
Водителот Ненaд Ѓорѓиевски семејно во село Војница: Нека е за многу години Голема Богородица
ТВ водителот Ненaд Ѓорѓиевски со сопругата Горана и близнаците Љупка и Иво големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица го помина во село Војница
Имено тие споделија дел од нивната посета на црквата каде заедно запалија свеќа и се помолија.
Претходно тие беа на одмор во Египет.
Водителот секое утро ги биди гледачите на „Телма“, како дел од старо-новата постава на Утринската програма. Како татко на близнаци, навикнат е да станува многу рано и вели дека е особено горд родител што за Љупка и за Иво се грижат самите, тој и сопругата без никаква помош. Тој минатата година за Женски магазин ја откри и својата друга, домаќинска страна во која ужива во викендичката крај река, каде што откако почна пандемијата живеел со семејството.