Тања Крмзова Костиглиола: Voyage

Добивај вести на Viber

Додека го спремам куферот,
пишувам посакувани средби
во имагинарната агенда.
Помеѓу секое парче облека 
вметнувам замислени ситуации 
и добро познати чувства. 
Багажот секогаш ми тежи 
повеќе од дозволеното, 
оти притиска нетрпението.
Патентот одвај го издржува притисокот 
меѓу плановите и соновите,
кои понекогаш исцрцнуваат на сред пат.
И кога ќе стапнам на моето тло
се сепнувам, се присетувам: 
мојата земја совршено ме познава 
спонтана и гола.

За Женски магазин поетесата Тања Крмзова Костиглиола