Вознемирувачко видео: Отруени кучиња низ охридските улици во екот на сезоната
Здруженијата за заштита на животни вчера објавија фотографии и видео со вознемирувачка содржина, од бездомни животни кои умираат во најголеми маки откако некој расфрлал отров низ охридските улици во екот на туристичката сезона, пишува порталот „Охрид њуз“. Информациите, сликите и видео снимките им пристигнале од, како што се наведува во дописот до медиумите, бројни шокирани и преплашени граѓани и туристи кои се обидувале да им помогнат на животните. Отровот, кој било исклучително силен, лесно можел да повреди дете, предупредуваат од здружението „Анима Мунди“.
Невладините бараат од општината, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Министерството за внатрешни работи, да преземат итни мерки согласно законот, за да се спречат ваквите појави во иднина.