Вработила бездомник кој никој не го сакал, а потоа ѝ го покажал своето вистинско лице (ВИДЕО)

Фото: Фејбук

Сопственчка на ресторан вработила бездомник кој никој не го сакал хранејќи го во замена за работа. По некое време тој ѝ го покажал своето вистинско лице.

Cesia Abigail Baires е сопственичка на ресторанот „Abi's Cafe“ во американскиот град Минеаполис. Работата не ѝ одела добро и морала да работи напорно за да постигне позитивни деловни резултати.

Затоа не сакала да му даде ниту неколку долари на бездомник кој еден ден влегол во нејзиниот ресторан.

„Зошто немаш работа? Овде ништо не даваме бесплатно“, му рекла на бездомникот, а тој одговорил на нејзиното прашање и ѝ ја објаснил својата тешка ситуација.

Тој ѝ рекол дека никој не сака да го вработи затоа што има досие во полиција, па проневера и кражби му остануваат единствено, инаку би бил гладен.

Никој не сакал да го вработи бездомникот, па таа му понудила неколку часа да работи кај неа

Сопственичката му понудила на Маркус нешто за што требало малку храброст бидејќи таа не знаела што ќе се случи ако го чува во својот ресторан. Таа му понудила да работи неколку часа кај неа, а за возврат му дала бесплатна храна, која подоцна ја поделил со друго лице кое живее на улица.

Сопственичката на ресторанот бил трогната од ова и му дозволила да продолжи да работи кај неа. Таа се договорила со него да остави 10% од неговата плата на страна и да му ја даде подоцна за да застане на нозе и да се осамостои.

Доброто со добро се враќа

Така и се случило. Маркус подоцна нашол работа која повеќе му одговарала, но сепак сакал да го посетува „Abi's Cafe“ и да разговара со личноста која го вратила во живот. Тоа не е се што направила сопственичката за него.

Покрај сето ова, таа започнала и онлајн кампања за собирање средства за да му помогне понатаму. Многу брзо собрала илјадници долари.

Таа им порачала на другите работодавци дека треба да им дадат шанса на луѓето како Маркус.

Нејзината и приказната на Маркус заврши во медиумите, а нејзиниот бизнис процвета. Знаете што велат, доброто со добро се враќа.