„Врати ја внатре, не сум подготвена, ќе дојдам утре“: Најсмешните изјави на трудниците за време на породувањето
Што и да прочитате
или слушате за текот на породувањето,
тешко дека ќе се чувствувате подготвени кога ќе дојде тој момент.
Покрај тоа што породувањето е болно, понекогаш станува и сосема надреално искуство. Во ситуација полна со исчекување и многу измешани чувства, мајката умее да каже многу смешни, понекогаш чудни работи.
Еве неколку смешни реченици кои мајките ги кажале при породувањето:
* „Врати ја внатре, не сум подготвена. Ќе дојдам следната недела!“
* „Кога излезе главата на мојот син, им кажав на лекарите дека морам да одморам и да јадам нешто, бидејќи сум гладна“
* „По првото туркање го прашав докторот: „Тоа ли е тоа?“
* „Додека ме шиеја, реков: „Што правите толку, јас можам многу побрзо да зашиам копче отколку вие сега!“
* „Додека се пораѓав, видов паричка на подот и му реков на сопругот веднаш да ја земе“
* „ На сред пораѓај се чувствував како да сум мамурна, почнав да врескам и побарав веднаш да ми донесат сок и банана!“
* „ Само прашав: „Дали е тоа бебе?“
* „ За време на контракциите плачев и реков: „Се предомислив!“.
Фото: Shutterstock
Д -р Несторовиќ: Друштво на децата се други деца, а не бабите и дедовците!