Врчак се огласи: Ламбе е предобро момче, се чудев кога ми кажаа дека историско патриотски мотивирана беља направил
Пред неколку дена Ламбе Алабаковски објави видео како го пее хитот „Спасете ме другари“ со музичарот Раде Врчаковски- Врчак. Социјалните мрежи, како и медиумите беа преплавени со коментари за „камбекот“ на Врчак, а сега познатиот музичар се огласи по тој повод и најави многу нови песни со познати пејачи од македонската естрада.
„BРЧАК И ЛАМБЕ на приватна прослава : ))))))) Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам.... Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам - ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! : ))))))) Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Ѓигова, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Лабме утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна ((му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи (и ќе снимаме песна и со Ламбе)).
Ламбе е предобро предобро момче, се чудев кога ми кажаа дека историско патриотски мотивирана беља направил. Да не прави никој бељи, минатото е минтото, ние не живееме во минатото, животот кој го живееме е речиси бесконечна љубов секој ден и на тоа треба да се фокусира човек, а секој проблем може да се реши со љубов. Да се грижиме сите за иднина полна со љубов меѓу народите, иднина без робства на планетата земја (да не се прават робства и злоупотреби на животичиња - дури и за исхрана медицински се препорачува сите дневни нутрициони потреби на телата да се исполнуваат преку растителен начин на исхрана, а растелна храна генерално има насекаде и во лето и во зима). Да се грижиме сите и за намалување на глобалното затоплување, да се пешачи повеќе место да се возат коли на гориво, пешачењето е есенциално и пребитно и прездраво за телата (јас се ова си практикувам и се чустувам одлично) - а истото и Светската Здравствена Организација го препорачува.“
Дополнително тој објави фотографија од снимањето на песната со ДНК и Лазар Цветковски.