Времето ги гази родителите: Или немаат лап топи, или пак воопшто немаат интернет конекција

Многу родители во Македонија воопшто не знаат како нивните деца ќе учат онлајн од утре, бидејќи или немаат компјутер, или пак воопшто немаат ниту интернет конекција во домот.

Времето ги гази, а овие луѓе не се во можност да набават уреди со помош на кои децата би следеле настава електронски. Проблем најчесто се финансиите.

„Јас сум родител на дете од 7 одделение. Син ми денес ќе проба со мобилен телефон, да види дали може да се вклучи. Не знам како ќе се одвива наставата. Селото е во „дупка“ и нема добра конекција. Исто е и со другите деца во селото, и тие немаат стабилен интернет“, вели Драги Насевски од селото Зркле во Општина Македонски Брод.

И од селото Самоков објаснуваат дека во овој регион има сиромашни семејства со повеќе деца  каде родителот ниту може да купи уреди за сите деца, ниту пак има интернет дома. Како ќе се одвива наставниот процес и тие се зачудени и во неизвесност. Има многу вакви приказни од различни краеви на земјата.

„Ниту имам компјутер, ниту лап топ, не работам, а имам 5 деца кои одат на школо. Близнаците се 3 одделение и тие ќе посетуваат настава во школо, а 3 oд децата треба да учат онлјан. Сите сакаат физичка настава, но што е тука е, не можеме ништо да смениме“, раскажува Јорданка Арсовска од Куманово.

Taa вели дека и децата се загрижени затоа што сметаат дека на ваков начин нема да можат да се образуваат како што тоа би било со физичко присуство.

продолжува на Фактор.мк

Наставата стартува утре: Родителите во хаос, незадоволства и кај поддржувачите на онлајн настава